Нема оставка од Катица Јанева

Катица Јанева не поднела оставка, како што синоќа беше пуштена информација, а која беше пренесена од повеќе медиуми. Ваков документ нема ниту во Советот на јавно обвинители, ниту во СЈО. Двете институции се сомневаат дека станува збор за лажна информација. Специјалните обвинители молчеа на прашањето дали оставката на нивната шефица е вистинска или не.

Вчера во неколку медиуми, кои повикувајќи се на извори во СЈО, соопштија дека Јанева ја потврдила оставката, што ја достави пред 2 месеца. Јанева на 15 јули изјави дека поднесува оставка за да не биде пречка во процесот на преговори за Законот за јавно обвинителство. Во собранието веќе е иницирана постапка за нејзино разрешување и евентуална оставка од Јанева, според Илија Димовски, би била непотребна манипулација во процесот.

Комисијата за избор и именување, по одлуката на Советот на јавни обвинители, заклучи дека Јанева треба да се разреши од позицијата шефица на СЈО. Неофицијално, се очекува спикерот на Собранието во вторник да свика пленарна седница за разрешување на Јанева. По гласањето, Собранието го информира Советот на јавни обвинители, кој потоа треба да го потврди разрешувањето на Јанева чиј мандат истекува на 15 септември.

Сепак, кој и зошто манипулира?!