Нема поддршка идејата на Заев да си го устрои парламентот на штета на здравјето на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е упорен да го продолжи своето опстојување на политичката сцена со кршење на Уставот и законите и настојува по секоја цена да ја презема контролата врз Собранието за исполнување на своите желби во услови кога земјата се справува со епидемија од болест која коси човечки животи и ја девастира економијата.

Во македонското Собрание во червртокот официјално беше  архивирана иницијатива за свикување итна седница со две точки на дневниот ред: потврдување на вонредната состојба двапати по ред од страна на претседателот Стево Пендаровски на 18-ти март и 16-ти април. На барањето се потпишани 35 пратеници од 120-лениот парламент, од неколку партии, меѓу кои и Алијанса за Албанците и од БЕСА, но не и пратеници на другите две најбројни пратенички групи на  ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ.

Пратениците кои се потпишаа се повикаа на член 63 од Уставот, според кој мандатот може да се продолжи во случај на вонредна состојба. Изговорот на иницијаторите, исто така, е дека и во членовите 125 и 126 Собранието треба да ја констатира одлуката на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба и да донесе одлука за нејзино завршување, со што би завршиле надлежностите на Владата за да носи уредби по сила на законот.

Од кабинетот на претседателот на Собранието потврдија дека го примиле барањето на СДСМ, но не соопштија како ќе постапи Талат Џафери односно дали ќе закаже седница по распуштањето на оваа институција на 16-ти  февруари.

Од политички аспект имајќи го предвид образложението во иницијативата, нејасна е причината за инсистирањето на СДСМ за работа на Сорбанието, коешто ваквите одлуки какви што се предложени може да ги носи со двотретинско мнозинство, коешто очигледно Заев во овој момент не може да го оствари.

„Mислам дека предлагање на свикување седница со ваква точка односно на точки на дневен ред милслам дека не е многу паметно, без притоа да се обезбеди потребното мнозинство кое впрочем ќе ги носи одлуките, а според член 125 значи одлуките Собранието може да ги потврди доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, што во случајот по се изгледа дека не се“, рече поранешниот министер и пратеник Насер Зибери во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на Телма телевиз

Една од опциите е дека зад иницијативата, всушност се сокрива обидот на Заев да издејствува скорешно одржување на одложените поради коронавирусот предвремени парламентарни избори, во услови кога вртоглаво се намалува рејтингот на неговата партија. Поскорото одржување на изборите, имени, на социјалдемократите би им овозможило да ги пресретнат обелоденувањата на лошото управување со здравствената криза, а уште повеќе и резултатите од истражувањата на набавките без тендери и со фаворизирања на одредени фирми во услови на криза.

Опозицијата, исто така, стравува дека целта е Собранието да ги потврди владините уредби кои не се однесуваат на пандемијата, а беа донесен во овој период. Очигледно кај СДСМ надвладува стравот дека некои уредби со сила на закон ќе бидат прогласени за незаконски од идниот парламент во кој би биле опозиција. Партијата Левица, имено, наведува дека дури две третини од вкупно донесените 120 уредби со законска сила од страна на техничката Влада под водство на привремениот премиер Оливер Спасовски од СДСМ, која, има стеснет и законски ограничен мандат од сто дена само за организирање фер и демократски избори,  се диспропорционални владини уредби кои немаат апсолутно никаква функционална поврзаност или логичка врска со борбата против коронавирусот.

„Овој збунувачки податок оправдано нè тера да си помислиме дали враќањето во нормална состојба е приоритет за оваа преодна Влада или, пак, постојат некои други нетранспарентни приоритети сокриени од очите на јавноста, преку неразумно оптегнување на траењето на вонредната состојба, спротивно на јавниот интерес“, реагираа од партијата Левица.

 

Заев сепак упорен да не ги почитува законите

И поркај сите укажувања, дури и од неговите политчки сојузници, Заев никако не откажува од идејата за противуставното свикување на Собранието кое го поддржаа само триесетина пратеници од вкупно 120-те. Не треба да се има експертски познавања на материјата, за да се прочита дека одредбите за вонредна состојба важат за актуелен пратенички состав, а не и за оној кому му престанал мандатот, во случајов со самораспуштањето на 16-ти февраури.

Власта преку Собранието сака да ја потврди неуставната одлука на претседателот Пендаровски за вонредна состојба по вторпат и да им даде легитимитет на спорните уредби со законска сила, сметаат меѓу другото, експертите. Според професорот по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски, не постои основа во вакви околности да биде свикан собраниски состав кој е веќе распуштен.

„Пратениците веќе се самораспуштиле и го чекаат денот на изборот на новите пратеници за да им го предадат мандатот. Тие се веќе бивши. Треба да бидат свесни дека се веќе бивши пратеници“, смета Климовски.

Според него ниту членот 63 од Уставот кој предвидува продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба не може да претставува изговор за ваквиот потег, бидејќи шефот на државата Пендаровски неуставно ја продолжи вонредната состојба за уште 30 дена. И за поранешниот претседателот на парламентот особено е спорен фактот што во услови на вонредна состојба предизвикана од коронавирусот две е третини од владините уредби не се директно поврзани со корона вирусот.

Поранешниот министер и пратеник Насер Зибери гостувањето во емисијата „Вин Вин“ истакна дека пратениците немаат право после распуштање на Собранието да носат одлуки.

 Треба да се направи разлика меѓу мандат на пратеници избрани од верификација на нивниот мандат до верификација на мандат на ново избраните пратеници и извршување на функцијата на собранието кое е врзано со заседание на собранието. Значи на Собранието функционира се до моментот на распуштање. Во моментот кога Собранието се распушта таа престанува со вршење на својата функција определан со устав, закон и деловник и овие две прашања не треба да се мешаат“, потсети Зибери.

Тој оцени дека по распуштање на Собранието пратениците сѐ уште ја имаат функцијата пратеник сѐ до верификација на новоизбраните пратеници, но тоа никако не значи дека парламентот е во функција и дека може да се носат одлуки и негово повторно свикување.

Со ваквите квазиправнички и елементарни политички еквилибистрики, власта всушност бара излез од неуставната и незаконска состојба предизвикана од прогласената вонредна состојба, за којашто експертите редум сметаат дека е неуставна.

Професорката од правниот факултет Тања Каракамишева Јовановска, потенцира дека Уставот е јасен и вели дека одлука за вонредна состојба може да трае најмногу 30 дена, што значи дека Уставот не остава простор за прогласување на нова вонредна состојба, а уште помалку за продолжување на вонредната состојба. Во врска со уредбите на власта, таа вели дека не може во вонредна состојба да утврдувате нови кривични дела затоа што тоа е забрането со Уставот, бидејќи кај ограничувањата на човековите права вели дека не може правно на нов начин да се нормираат нови кривични дела, на тој начин има правна несигурност и би се кршел Уставот

„Она што посебно загрижува е фактот што политичарите наместо да се водат со уставните норми, повторно ги спроведуваат нивни интереси, ги тераат работите на политички терен како нив им одговара“, предупредува Каракамишева.

„Сите пратеници вклучително и Талат Џафери се поранешни. Ако 20 поранешни пратеника потпишат иницијатива за повторно свикување на Собранието, како ќе ја прескокнат одлуката за самораспуштање која што ја донесоа на 16 февруари со 108 гласа со ниту еден против, бидејќи таа одлука е објавена во Службен весник и има правно дејство и ниту еден орган ниту ја поништи ниту ја укина“ потенцира Каракамишева.

Истакнува и дека оваа ситуација не смее да се споредува со 2016 година затоа што тогаш Уставниот суд ја поништи одлуката за распутшање, и таа имаше одложено дејство на примена, а сега се е чисто, пратениците донесоа одлука да се распушти дека само иницијативно рекле дека го предаваат мандатот и легитимтиет го враќаат на граѓаните.

Професорката од Катедрата за уставно право и политички систем и кандидатка на последните претседателки избори, Гордана Силјановска Давкова, се прашува зошто пратениците од Собранието кои се самораспуштени заради одржување на предвремени избори не реагирале на одуката на претседателот Пендаровски за донесување на вонредна состојба која тој сам ја донесе дококу се сметале за легитимни.

Според неа точно дека во деловникот има одредба според која собранискиот спикер може да свика седница или пак седница може да побараат 20 пратеници. Меѓутоа, истакнува дека станува збор за ситуација во која можна е седница на парламент којшто е во заседание, а не на парламент кој се самораспуштил.

„Ниту е законски, ниту е уставен ставот на одредени пратеници дека мандатот на пратениците во Собранието на РМ се продолжува во услови на вонредна состојба. Имено, ваквиот став е применлив во услови Собранието да не може да се собере поради прогласена вонредна состојба. Во конкретниот случај, Собранието на РМ е распуштено со Одлука донесена на ден 16 јануари, 2020 година. Вонредната состојба е прогласена на ден 18 март 2020 година. Тоа го отсликува ноторниот факт дека вонредната состојба се воведе пое распуштање на Собранието. Во такви услови, нема кој и нема што да се собере, од причина што нема ‘Пратеници’ кои може да се повикуваат да се соберат“, појаснива во својот авторски текст за НетПрес, адвокатот м-р  Стојанче Геровски.

Но и покрај сите овие и други експертски толкувања и предупредувања, иницијативата на СДСМ се чини ги оправдува страввуањата дека во нејзината заднина се потврдвуањата на уредбите за кои сега знае дека се незаконски, како и избрзување на одржувањето на парламентарните избори и оти и во време на пандемија Заев е подготвен да го ризикува здравјето на граѓаните.