Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на Онкологија, вели Стојаноска, Собранието има и надзорна улога

На денешната седница побаравме дополнување на дневниот ред, со предлог точка за расправа по однос на извештаите на ДЗР, во кои изминативе години се нотираат најголемиот број на неправилности во институциите, вклучително и сомнежи во однос на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и со предлог за основање на анкетна комисија за скандалот во истата клиника, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Стојаноска:

Денеска видовме како коалицијата СДС и ДУИ во паника од јавна дебата на седница, се подели при гласањето по двете точки.

Но неколку минути подоцна на предлог расправата да биде 2 точка соочени со фактот дека треба веднаш да се отвори расправа на која ќе мора да објаснат зошто ги игнорирале наводите од извештајот, и ќе мора да одговорат зошто владата на Ковачевски НЕ ПРЕВЗЕМАЛА НИШТО за пронајдените сомнежи, коалицијата повторно профункционира и сложно одлучија да избегаат од расправа па така оваа точка ја оставија ја оставија да биде 22ра.

Бидејќи сме сведоци како во минатото таљатовата собраниска пракса покажала дека тој има ексклузивно право за отворање и затворање точки без разлика на нивниот распоред и без почитување на Деловникот, алармираме и потенцираме дека и двете овие точки можат уште веднаш, денес да бидат отворени и да се постапи по нив.

Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на онкологија. Јавноста очекува одговори, а Собранието има и надзорна улога. Затоа нека не се обидуваат да ја заобиколуваат и одолговлекуваат темата бидејќи немаат ниту време ниту оправдување.

И срамот и одговорноста им се огромни затоа прават се да избегаат од тоа јавно да се проговори за еден од најголемите скандали што ја згрози македонската јавност!

Нивната неодговорност продуцира нови и нови скандали. Затоа време е да се соочат со нивната одговорност и доколку навистина имаат чесни намери тогаш нема зошто денес да не ја отвориме оваа тема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.