Нема потреба од изолација за други пратеници

Ниту еден од пратениците кои биле во контакт со Лазе Таневски и Исмаил Јахоски нема да оди во изолација. Центарот за јавно здравје во Скопје ги заврши анкетите и проценката е дека немало ризик, објави ТВ24.

-Мерките за заштита биле почитувани, констатиравме дека нема потреба од изолација за други пратеници или вработени во собраниските служби, вели Александар Стојанов, директор на ЦЈЗ, за ТВ 24.

Додека Исмаил Јахоски е хоспитализиран на Инфективната клиника, а Лазе Танески изолиран во домашни услови, како позитивни на Ковид 19, министерот за здравство препорачува Собранието да почне да работи онлајн, а истата препорака ја даде и премиерот Зоран Заев, кој најави дека владата ќе работи онлајн.