Нема потврдени случаи на корона вирусот во Унгарија

Засега нема потврдени случаи на коронавирус во Унгарија, соопштила унгарската влада, вчера, јавуава „Хунгари Тудеј“, пренесува НетПрес.

Седум нови примероци беа тестирани во текот на ноќта, но ниту еден од нив не е позитивен на вирусот КОВИД-19, изјавил Гергели Гулиш на редовниот брифинг за медиуми.

Тој дополнил дека моментно 18 лица се наоѓаат во карантин во болницата „Свети Лазло“ во Будимпешта, и сите се без симптоми. Бидејќи тие немале никаква промено на нивната здравствена состојба, ќе бидат отпуштени за време од две недели, дополнил Гулиш и напоменал дека ако е потребно, повеќе болници ќе почнат да примаат пациенти за кои постои сомневање дека заболеле од корона вирусот.