Нема предвремени парламентарни избори заедно со претседателските?!

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието и распушување на предвремени парламентарни избори ќе бидат ставени на дневен ред во Собранието, кога ќе биде постигнат договор за техничка Влада 100 дена пред избори, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на состанокот со новинарите. Џафери додаде дека како потврда за ова бара потпишување на најмалку 61 пратеник, пренесува Алсат.

Ова значи дека парламентарните избори не можат да се одржат истовремено со претседателските избори, бидејќи рокот од 100 дена е веќе прекршен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.