Нема преживеани од авионската несреќа во Непал

Спасувачите во Непал ги пронашле остатоците од патничкиот авион кој што удрил во планина, а загинале сите 18 патници и членови на екипажот, вклучувајќи и едно дете.

Контролата на летање изгубила контакт со авионот на компанијата „Непал ерлајнс“ вчера попладне кога видливоста била слаба поради снегот, маглата и дождот. Авионот удрил во планината и потоа се запалил.

„Нашиот авион беше технички исправен и веруваме дека причина за падот е лошото време“, изјавил Рам Хари, претставник на „Непал ерлајс“.

Во авионот имало 15 патници и три члена на екипажот. Се верува дека еден од нив е дански државјанин, додека останатите, вклучувајќи го и детето, биле жители на Непал.