Нема пријавени ниту на вториот јавен повик за приватни автобуски превозници

Никој не се пријави ниту на вториот јавден повик за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12, чиј рок истече вчера.

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ќе продолжи со сопствен капацитет да го извршува јавниот превоз, информираат од Град Скопје.

– Градот Скопје даде можност за сите оние кои сакаат чесно и одговорно да работат и заработуваат од јавниот превоз, да се пријават на јавниот повик, но бидејќи нема истакнат интерес, ЈСП Скопје продолжува со сопствен капацитет да извршува непречен, навремен и стандардизиран јавен превоз. За оваа година, со цел подобрување на услугите на јавниот превоз, планирано е и дополнително зголемување на капацитетите на ЈСП со нови автобуси, велат од таму.