Нема простор за суета кога се работи за здравјето и економската добросостојба на граѓаните

Македонската држава и граѓани се исправени пред еден од најголемите предизвици во историјата на независна Република Македонија. Граѓаните на нашата држава се соочуваат со сериозни здравствени ризици, но и економски импликации исто така се поразителни, а Владата на СДСМ превзема премалку за да се помогне на стопанствениците и на граѓаните, изјави на прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски кој додаде:

„Ниту централната власт, ниту пак локалната не прави доволно за поддршка на стопанството и граѓаните. Апелираме уште еднаш да се прифатат вонредните мерки на ВМРО-ДПМНЕ, мерки кои ќе помогнат во справувањето со корона кризата, но и ќе помогнат во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух ширум државата. Бараме овие мерки да важат за Скопје и останатите поголеми градови ширум Македонија.“

1.Бараме привремено да бидат пренаменети десните ленти на секоја сообраќајница односно булевар да биде пренаменет во велосипедска лента, а дополнително веќе постоечките велосипедски ленти да бидат пренаменети за користење на пешаците.

2.На местата каде што веќе има велосипедски патеки, а нема можност десната сообраќајна лента да се пренамени во велосипедска патека, постоечката велосипедска патека да се дуплира во големина и ширина. Односно да се овозможат безбедно движење на граѓаните.

3.Улиците во маалата да се прогласат за зона 20, зона каде што ќе можат да се возат автомобили со најголема брзина од 20 км на час. Бараме да се овозможи овие зона 20 улици да бидат слободни за пешаците, велосипедите и електричните тротинети кои би ги користеле.

4.Угостителителите да бидат ослободени од плаќање на паушал за терасите за летна сезона 2020-та година.

5.Бараме јавниот простор пред локалите да биде даден на користење на угостителите. Бараме додека трае корона кризата да им се овозможи на угостителите бројот на маси кои го имале во своите локали и терасите заклучно со 18.03.2020 да имаат можност да ги постават на јавниот простор околу нивните локали. Ова мерка се разбира да важи доколку не се одземат повеќе од 30% на просторот за движење на пешаците околу локалите.

6.На местата каде што е има платен паркинг на уличките пред локалите да биде искористен тој паркинг и на неколку паркинг места да се постават т.н. „Парклети” на кои што ќе можат да се постават клупи или пак маси за седење и нема да им се одзема просторот на тие кои што се движат пешки.

-Кога се работи за здравјето и економската добросостојба на граѓаните суета не смее да има. Уште еднаш апелираме да се прифатат овие мерки, бидејќи ниту локалната, ниту пак централната власт не прави доволно за да им помогне на граѓаните во овие тешки времиња, се разбира доколку се прифатат овие мерки како во повеќе градови во цела Европа и насекаде низ светот ќе се направи можност да имаме социјално дистанцирање, а воедно и да отпочнеме повеќе да го користиме алтернативниот превоз, потенцираше Нелоски.