Нема штрајк во образованието, уште ќе се преговара

Самостојниот синдикат за образование и наука и култура (СОНК) денеска соопшти дека го ставаат штрајкот во мирување до период на изнаоѓање решение заедно со Министерството за образование. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на прес конференција рече дека се надеваат дека Министерството за образование ќе се изјасни што побрзо за решенијата.

СОНК побара во колективниот договор да се вгради исплатата на прекувремена работа, да се исплаќаат патни трошоци и друго.

Министерот за образование Арбер Адеми смета дека МОН и СОНК имаат одлична комуникација. Тој изрази жалење дека денеска нема договор, но се надева дека во најбрз временски период ќе се постигне договор за зглемување на платите.

– Јас ги поканувам претставниците на СОНК во МОН за последна рунда на пријателски преговори, каде ќе се знае финалниот став, заедничка е целта – подобрување на условите во образованието. Максимално сме посветени и сакаме да изнајдеме решение, смета министерот за образование.