Нема траги на насилство кај девојката најдена мртва во Волково

Смртта на девојката во скопско Волково, официјално ја потврди и Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, утрово во 9.50 часот, било пријавено дека има починато женско лице во нива која се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково.

На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ.(29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било пратено на обдукција.