Нема вакцина за оваа болест

Кога најпрво ќе ја анализираме идејата, да се биде над, да се биде водач, да се биде власт… ќе ги видиме годините од прачовекот, па до денес. И се’ убаво ако остане само идеја со  почитување одредени закономерности и параметри, природни или измислени, сепак здрав фундамент на градење меѓучовечки односи.

Моментот кога излегува од рамките на правно исцртаните шаблони се трансформира во опсесија и тогаш прогресијата на инфицирање на здравите клетки во опшеството зема силен замав и ги надминува сите законски бариери. Ковидот тогаш станува негативна нула.

Ако денес излезеш во парк, отидеш во кино, посетиш театар, пијалок во кафуле, ризикуваш да бидеш политички ,,измонтиран“ и скалапен по терк на ,,други“ свои, твои, нарачани, спонтани, дали портали или социјални мрежи-Ти, сепак си мета!

Како да сме заложници на една заразна болест, толку инфективна себична и злобна, а сепак ни психологија не помага на ваквите залутани во политиката индивидуи. Модерно и ин, наречена ,,опсесивно политикантство“, каде и мало и старо, и уко и неуко се занимава со исправање кривини и правење балончиња од сапунуница! Етикетите се лепат без пардон, кадија те тужи, кадија ти суди!?

Но, кармата е во тоа што начинот на размисла ја креира и твојата судбина!

Во време на невреме, кога двата  најголеми политички ривали се во еден антагонизам досега незабележан низ очната призма на обичниот ,,смртник“ – неговото височество ,,граѓанинот гласач“ има последна шанса да го спаси бродот кој тоне. Во суштина тоа му се наметнати тези и матрица која мора да го обликува за новата облека наречена чип на кој упорно инсистира власта. Теоретски, нон сенс, на почеток обична будалаштина, за да премине во една бура која се подготвува да однесе се’ со себе ако некој се обиде да стави едра на ветрот. Нашата визија за новите реформи застанува, повлечена е црвена линија помеѓу гласачот и политичарот!? Еднаш мора да се научат на лекција и двајцата, едниот да научи да гласа, а другиот да води граѓански политки. Просто е.

Додека самоуци политиколози плукаат се’ што е норматив во меѓувреме се пеглаат костумите на глобаниот шеф, не дека ќе ве направат попаметни, помажи, но обични на платен список апатриди. Секоја млада индивидуа е желна за самопромоција и истакнување во околината и опкружувањето, но дали дадениот временски момент е тој или структурата кои ќе одредуваат во кој правец ке се гради и осознава. Многу млади и патриотски неосвестени, а по дух Македонци, ќе останат на средина, ваму или таму, понесени од моќ, пари или слава… сепак иницијалана каписла за нов бран, вистински или не, важен или не.

Додека едно чудо евро – емисари од портпароли, па се’ до комесари и бивши министри, од интриганти и платеници па се’ до исвирени шупелки на третокласни, кои своевремено го орале во мрежа овој регион, сега се трудат да не бидат заборавени туку-така, со сплетки, со користење „топовско месо” на олајувачи кои ќе плукаат на копче, сепак џабе е… тој што е со валкан образ поарно да си седи во чаурата и да не праќа „свирачи” од 14-от ред, смешно е…

Говорот на омраза, затегнатоста во опшествените збиднувања, се’ до меѓучовечките односи и контакти веќе се немерливи на скалата на политичката некоректност и ќорава  избезубеност. Шпионажи и индоктринации од најниско, па се’ до највисоко… од опкружување, на работа, регион, држава и пошироко болна амбиција и сеење омраза. Каков кукавичлук?

Каде се Македонците? Вистинските?

Да кажат не, на нефер односот, да кажат брату на ближниот, и колега – од се’ срце на тој што ти е секој ден на работа со тебе?

Каква дволичност и излитени клишеа?Какви лажни господски држења, а всушност клеветници и недругари! Каде отиде еснафлукот?

Момент на искажан став или пак си ја згрешил планетата?

Зар ништо не научивме 30 години?

Читам разно – разни колумнисти и листа на смешни надреалисти портали или Фејсбук профили?

Нема бунтовност, нема жар во однапред исцртани линии на либерализам или пак лажен патриотизам во кој ни самите не веруваат и зелени банкноти. Нема кредибилитет една инстант нарачана деволуција на карактери, без разлика. Нема вечно да се кријат позади износите на трансакциските сметки, затоа што порано, или подоцна ќе мора секој да даде отчет за своето и присвоеното, без разлика како?

Да се биде или не?

Да има обнова или ќе бидеме неми набљудувачи на нашата пропаст?

Автор: Автор: Гоце Марков, дипломиран здравствен работник, за НетПрес