Нема веќе знаци од живот под урнатините во Бејрут

Нема знаци од живот во зградата коај се урна во силната експлозија пред еден месец во либанската престолнина Бејрут, соопшти во саботата ноќта екипата спасувачи од Чиле која последните три дена ги пребаруваше урнатините во потрага по преживеани откако регистрираше знаци сигнали на животни активности.

„Можеме да кажеме дека технички нема животни знаци во зградата“, изјави за новинарите Франциско Лерманда, шеф на чилеанската спасувачка екипа „Topos“.

Претходно во саботата инженерот Риад ал-Асад, кој соработува директно со либанската спасувачка служба, изјави дека чилеанските спасувачи направиле тест со своите уреди и дека „повторно слушнале респираторен сигнал“. Ал-Асад додаде дека спасувачите се обидуваат да му пристапат на изворот на сигналот од три различни меса.

Чилеанските и либанските спасувачки екипи ги пребаруваа урнатините на стара станбена зграда која се урна во моќната експлозија во бејрутското пристаниште на 4-ти август. Во експлизијата загинаа најмалку 190 луѓе, а поведени беа повеќе од 6.000 лица.

Надежите дека може да се најде преживеан под урантините се појавија во четвртокот, кога чилеанските спасувачи и нивното куче трагач детектираат знаци на живот под урнатините на зградата во бејрутската населба Гемајзе.

Лерманда изјави дека нивната опрема дектектирала дишење не еден од спасувачите кој веќе бил во зградата. Додаде дека напорите сега ќе бидат насочени на расчистувањето на урнатините и наоѓање на телата на настраданите.

„Нема да застанеме додека постојат и само еден посто надежи. Не запираме додека не ја завршиме работата“, рече Лерманда во врска со пронаоѓањето на телата.