Нема веќе фирми на домашни адреси

Според последните измени на Законот за трговски друштва, фирма во иднина нема да може да се регистрира на адресата на живеење на основачот или управителот на друштвото. Секој што ќе сака да основа трговско друштво ќе мора прво да купи или да земе под кирија деловна просторија, па потоа да го регистрира друштвото.

Министерството за економија во соработка со Централниот регистар веќе направиле анализа и преглед на дејностите во кои најчесто седиштето на фирмата е исто со адресата на живеење според кои утврдиле дека на домашна адреса имало најмногу фирми кои извршувале дејност транспорт и трговија со прехранбени продукти.