Немахер: Путин има своја воена логика, верува дека Русија победува во војната

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави во неделата дека не може целосно да го објасни начинот на размислување на Владимир Путин, но дека рускиот претседател има „своја воена логика“.

Нехамер за американската телевизиска мрежа NBC News изјави дека Путин пренел „јасна порака“ за неговата загриженост во неодамнешниот разговор во Москва и дека се однесувал како да е добро информиран за тоа што се случува на теренот.

ЉМислам дека сега е во сопствената воена логика. Тој смета дека војната е неопходна за Русија да добие безбедносни гаранции. Тој нема доверба во меѓународната заедница. Тој ги обвинува Украинците за геноцидот во Донбас. Така што мислам дека е во својот свет, но знае што се случува во Украина“, оценува австрискиот канцелар.

Нехамер рече и дека Путин верува дека Русија победува во војната. Тој повтори дека неговиот неодамнешен разговор во Москва со Путин не бил „пријателски разговор“ и дека на рускиот лидер му кажал за наводните воените злосторства во Буча. Нехамер рече и дека Путин на крајот од разговорот му се обратил на германски, велејќи му дека „подобро е да се заврши војната порано отколку подоцна“.