Немало „дослух“ на изборниот штаб на Трамп и Русија, заклучи комитетот на Конгресот

Разузнавачкиот комитет на Претставничкиот дом во кој мнозинството имаат републиканците, објави во понеделникот дека не пронашол никакви докази за тајно договорање на избориот штаб на Доналд Трамп и Русија во американската претседателска кампања во 2016 година.

Републиканските членови на комитетот објавија дека ја завршиле истрагата за наводното руско мешање во американските претседателски избори и дека ги објавуваат главните заклучоци кои се затвораат на една страница. Се очекува дека демократските членови веднаш ќе го оспорат извештајот, откако со месеци обвинуваа за пристрасно водење на оваа парламентарна истрага, за којашто, како што тврдат, цел била да се заштити републиканскиот претседател.

Меѓу заклучиците објавени во понеделникот и е тој во кој пратениците го отфрлаат оцената на американските разузнавачки служби објавена во 2017 година за тоа дека Владимир Путин во американската претседателска трка наводно застанал на страната на Доналд Трамп, а против неговата демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Републиканците констатираат во извештајот „голем број руски“ кибернетички напади врз американски политички установи во 2015 и во 2016 година, во прв ред преку социјалните мрежи. Меѓутоа, го критикуваат „недоволниот одговор“ администрацијата пред изборите и велат дека истражувале како руските извори полнеле досие против Трамп кој го финансирал изборниот штаб на Клинтон.

Конечно, пратениците ги истакнуваат „проблематичните контакти на високите функционери на разузнавачката заедница (во текот на мандатот на претходниот демократскиот претседател Барак Обама – з.н.) и медиумите“, се наведува во фрагментот кој комитетот во понеделникот го објави на интернет.

Извштајот, на повеќе од 150 страници, има повеќе од 40 „почетни заклучици“ и повеќе од 25 препораки. Во вторникот ќе им биде предаден на демократите за да може да ги извадат своите коментари. Комитетот потоа ќе гласа за постапката за укинување на ознаката на тајност од извештајот за тој да може да биде објавен.

И ова не е единствената истрага на Конгресот за наводното руско мешање во американскиот изборен систем. Разузнавачкиот комитет на Сенатот ја довршува својата истрага и го подготвува извештајот во кој, за разликата од Претставничкиот дом, соработуваат мнозинството и опозицијата.