Немало хакирање во Полска за кое беше обвинета Русија

Не се случил масивен кибернетички напад врз Полска за кој претходно беше обвинета Русија, а материјалите од електронската пошта на шефот на кабинетот на премиерот не протекле во јавноста како резултат на хакирање, објави во петокот весникот Wyborcza, повикувајќи се на свои извори.

Претходно седмицава шефот на кабинетот на полскиот премиер, Михал Дворчик, соопшти дека била хакирана неговата електронска пошта. Повеќето медиуми наведуваат дека хакерите добиле пристап до класифицирани документи. Самиот Дворчик објасни дека не било хакирано само неговото електронско поштенско сандаче, туку и на неговата сопруга, како и нивните профили на социјалните мрежи. Според него, при хакирањето немало протекување на доверливи информации.

Според Wyborcza, „материјалите објавени на месенџерот на Telegram од поштенското сандаче на Михал Дворчик се добиени од лице од неговиот потесен круг, кое имало пристап до лозинките и уредите на министерот“.

Весникот додава дека до ваквите заклучоци дошла полската агенција за внатрешна безбедност, којашто ги истражува случаите на протекување информации од електронски адреси на фунцкионерите и други високи лица.

„Мора да се утврди митивацијата на лицето кое ги обелодени дописите на министерот. Најверојатно станува збор за некаков конфликт, кои не мора да е од политички мотиви“, го цитира весникот својот неименуван соговорник запознаен со наодите на истрагата.

Во вторникот полските власти соопштија дека земјата е подвргната на масовен кибернетички напад, поради што премиерот Матеуш Моравјецки свија затворена седница на Сејмот (парламенот). Моравјетцки и виецепремиерот, лидерот на владејачката конзервативна партија Право и спреведливост (PiS), Јарослав Качински по седницата изјавија дека кибернетичкиот напад бил изведен од територијата на Русија.