9.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Неминивни се политичкиот крај на Заев и поразот на СДСМ на следните избори

Македонија тоне во криминал и корупција од денот кога Зоран Заев седна во премиерската фотелја. Аболицираниот Заев и криминално-рекетарската банда со која тој раководи ја ограбија државата, а буџетот го третираат како партиска сметка. Откако преку криминални тендери, грантови и непотизам испумпаа милиони евра народни пари кои завршија на личните сметки на партиски и државни функционери сега Заев се надева дека Европските фондови ќе и помогнат на македонската економија. Криминалците на власт секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а проекти нема. Сите знаеме каде завршуваат овие пари, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев.

Од партијата потенцираат дека со рекет, уцени, целосна контрола на власт врз правосудството, криминал и корупција Македонија нашата европска перспектива е загрозаена и со Зоран Заев како премиер нема напредок.

Анкетите покажуваат дека паѓа довербата во Заев и оваа Влада. Заев е во паника, веќе е јасно дека идната Влада на Република Македонија ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Поради оваа причина власта се плаши од предвремени парламентарни избори. Но граѓаните нема да го заборават криминалот на оваа власт, нема да го заборават рекетот, политичкиот прогон и уназадаувањето на државата на секое поле. Полтичката кариера на Заев е завршена, а поразот за СДСМ на следните избори е загарантиран кога и тие да се случат, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.