Неминовниот напад на ИД на аеродромот во Кабул е „многу, многу веројатен“, предупредува Лондон

Разузнавачката информација дека борците на Исламската држава (ИД) во Авганистан подготвуваат напад врз луѓето кои сакаат да полетаат од аеродромот во Кабул е „многу, многу веродостојна“, изјави за медиумите поранешниот офицер на британската војска Џејмс Хиапи во четвртокот.

Во средата доцната ноќта британското министерство за надворешни работи го предупреди своите државјани да не приоѓаат на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ каде што илјадници настојуваат да се качат на некој од летовите со коишто до 31-ви август, крајниот рок за повлекување на американските трупи кои ги евакуираат странските државјани и нивните довчерашни авганистански соработници коишто затоа би можеле да бидат цел на одмазда на талибаните.

Хиапи за радиото BBC потврди дека разузнавачката инфорамција за неминовен самоубиствен напад на аеродромот е „многу“ поизвесна.

„Сега постојата многу, многу веродостојни дојави за неминовен напад и тоа е причината што Форин Офисот советуваше синоќа да не приоаѓаат кон аеродромот во Кабул, мора да се засолнат на безбедно место и да чекаат нови упатства“, вели Хиапи.

Предупреди на целата сложеност на состојбата во главниот град на Авганистан. „Не можам доволно да истакнам колку е очајна ситуацијата“, рече.

„Заканата е веродостојна. Таа е неминовна, смртоносна. Не би го зборувале тоа да не сме вистински загрижени поради тоа што на Исламската држава ѝ се дава цел која едноставно е незамислива“, додава поранешниот војник.

Хуапи вели дека сѐ уште големи групи очајни луѓе чекаат пред аеродромот во Кабул и додаде дека тоа „сите нѐ загрижува“.

„Верувам дека многумина од оние коишто чекаат сакаат да ја искористат можноста, но дојавите за закани се навистина многу веродостојни“, додаде.

Западните земји се надеваат дека талибаните ќе се грижат за безбедноста околу кабулскиот аеродром.

Британија веќе евакуирала повеќе од 12.000 луѓе од Авганистан, откако земјата повторно падна под власт на талибаните и планира во четвртокот да изведе уште 11 евакуациски летови.

„Мислиме дека таму има 400 луѓе кои би требало да бидат евакуирани, главно британски државјани и оние со двојно државјанство. Јасно е дека правиме сѐ што можеме да најдеме сигурни коридори да ги изведеме на безбедно“, рече Хиапи.

Повторно дека мора да се „биде искрен“ и дека „не може сите да бидат извлечени“ од Авганистан, а бидејќи ситуацијата се влошува, сѐ поизгледно е дека така и ќе биде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.