Немојте да ја потценувате нашата дијаспора

Не ја потценувајте македонската дијаспора
Не ја потценувајте македонската дијаспора

Во својот говор денеска, премиерот Никола Груевски денеска до другите политички партии во земјавапорача во никој случај да не ја потценуваат македонската дијаспора.

Најновите притисоци кои доаѓаат кон нас, а во правец да се елиминираат пратениците на дијаспората, заради калкулантски дневно политички ситни интереси, ќе ја оддалечи од нас оваа структура на луѓе која непрестајно, и во добри и во тешки времиња помага на Македонија. Барањата преку разни законски акробации, да се сведе работата на ниеден или најмногу еден пратеник од дијаспората, ќе испрати лош сигнал до најверните наши надворешни подржувачи, рече Груевски.

Покрај другото премиерот потенцира дека ако тој се прашува, бројот на пратеници од дијаспора треба најмалку да се триплира, а не да се елиминираат и сегашниве.

Дијаспората, не само што испраќа огромна финансиска помош за нивните блиски во Македонија, туку помага и на многу други начини, преку политички и економски лобирања, но се повеќе и преку помали или поголеми инвестиции во Македонија. Во бројни ситуации кога се боревме да привлечевме компании во Македонија, различни здруженија на дијаспората ни отвораа врати на многу места, лобираа и помагаа колку што можат.Немојте да го потценувате нивниот труд. Независно што мал дел од нив гласаат, ќе ги погоди и оние кои гласаат, и оние кои не гласаат, посочи македонскиот премиер.

Предлог за укинување на гласањето на македонската дијаспора

Зошто најголемата опозициска партија во земјава е против гласање на дијаспората на претстојните избори доколку „стотици граѓани се иселуваат поради лошата власт“? Ова е прашањето што денес порталот „Курир“ го актуелизира во анализата посветена на актуелната тема поврзана со правото на глас на македонските иселеници.

Ако се земат во предвид постојаните обвинувања од СДСМ на сметка на актуелната власт дека стотици илјади луѓе се иселуваат од земјава поради незадоволството од владејачката партија, тогаш сосема логично се поставува прашањето „Зошто опозицијата е против гласањето на дијаспората на престојните избори, кога токму поради „незадоволството“  овие иселеници се голем потенцијал за нивни гласачи.

Ова прашање неминовно се наметнува изминативе недели, откако беше најавено дека една од точките по кои дебатираат работните групи за спроведување на договорот од Пржино е гласањето на дијаспората.

 

 

Претходно опозициската СДСМ побара укинување на правото на глас на македонската дијаспора на претстојните предвремени избори.