Немуслиманите во Малезија не смеат да го користат зборот Алах

Највисокиот суд во Малезија денеска ја поддржа одлуката на Владата со која на немуслиманите им се забранува да го користат зборот Алах за Бог, отфрлајќи ја жалбата на Римокатоличката црква дека со тоа не ги почитуваат правата на малцинствата во земјата.

Федералниот суд со четири гласа „за“ и три „против“ пресуди дека црквениот неделник нема основа за жалба на пресудата на понискиот суд од минатата година со која му е оневозможено да го користи зборот „Алах“ во своите изданија.

Владата соопшти дека зборот Алах треба да биде резервиран исклучиво само за муслиманите со образложение дека во случај ако и друга вера го користи зборот може да ги доведе во забуна муслиманите и да ги наведе да ја променат верата.

Претставниците на христијанската заедница во Малезија, во која речиси две третини од жителите се муслимани го негираат тоа наведувајќи дека христијаните долго го користеле зборот пред властите да ја воведат забраната.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.