Ненад Димитријевиќ ја засили Валенсија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално стана член на Валенсија во која треба да остане во следните четири години.

Димитријевиќ оваа сезона во просек постигнуваше по 10,6 поени, 1,5 скокови и 3,6 асистенции за Хувентуд, а благодарение на одличните настапи тој си обезбеди трансфер во гигантот.

Македонскиот кошаркар сезонава стигна до нокаут-фазата со Хувентуд, но испадна од Барселона во четвртфиналето на шпанската лига.