Ненадејната одбивност кон храната кај малите деца, можеби е знак за Covid-19

Ненадејното целосно или речиси целосно избегнување на тврдата храна кај малите деца може да биде еден од показателите на развој на коронавирусната болест Covid-19 и е последциа на промената на чивството за мирис и вкус кај дететот, се наведува во студија на група лекари од Калифорнија објавена во стручното списание Pediatrics.

Во истражувањето лекарите опишале случаи на две мали деца, и двете помлади од 18 месеци, кои ненадејно развиле аверзија кон поцврста храна мелку пред или откако им е дијагностициран Covid-19.

Кога и нешто би каснале, децата веднаш потоа се задупувале или би ја исплукувале храната. Едното дете, истовремено кога се развила и одбивноста кон храната, ненадејно станачо чувствителни и на бирис на кој и да е ароматичен производ, што е уште еден знак за ослабениот мирис.

Шест до осум месеци по дијагнозата, двете дечиња започнале да ја поднесуваат цврстата храна, но ниедно од нив цекосно не продолжил со внесувањето на количествата поцврста храна како пред инфекцијата.

„Овој одложен и променлив клинички тек (на болеста) кај нашите мали пациенти е во согласност со нашите недоамнешни истражувања кај возрасните, коишто покаживаат дека проблемите со мирисот и вкусот пиврзани со Covid-19 може да се развиваат и да исчезнуваат, а една третина од пациентите може да имаат трајни симптоми“, се наведува во студијата.

Врз основа на овие ограничени податоци, лекарите заклучуваат дека аверзијата кон храната кај малите деца кои уште не зборуваат „би требало да биде знак дека би требало да бидат тестирани на присутност на вирусот SARS-CoV-2“.