Прочуената заводничка Мерлин Монро имала посебен режим на исхрана. Можеби токму тоа била тајната на нејзиниот совршен изглед, затоа погледнете ја нејзината диета.
Во интервју за еден американски магазин од 1952 година, познатата убавица открила како се храни, а исто така го открила и рецептот за магичната напивка што ја пие наутро пред туширање и подготвување за својот работен ден.
Начинот на кој што се хранам многумина го нарекуваат бизарен, но јас мислам дека грешат. Еве што јадам јас за појадок и вечера. Пред да се истуширам пијам филџан топло млеко со две изматени јајца и ова го пијам додека се подготвувам за работа. Понекогаш земам и витамински апчиња со оваа напивка. За вечера практикувам јагнешки котлети што ги печам во рерна. Со месото како прилог јадам и морков, (што го обожавам) објаснила актерката и додала дека била мошне задоволна од сопствената исхрана.
Многумина тврдат дека овој начин на исхрана потсетува на палео дијетата што е исклучително популарна диета во целиот свет.