Неочекувана убедлива победа на CDU на изборите во Саксонија-Анхалт, според излезните анкети

Според првите на излезни анкети Христијанско-демократската унија (CDU) изненадувачки уведливо победила во неделата на изборите за парламентот на сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

Според податоците на јавните радиодифузни сервиси ARD и ZDF, конзервативците од CDU освоиле 35 до 36 отсто од гласовите, што е повече за 5-процентни поени отколку на изборите пред пет година.

Десната антидоселеничка и евроскептична партија Алтернатива за Германија (AfD) за која се очекуваше дека би можела да ја загрази CDU во Саксонија-Анхалт, што е малку послан резултат отколку на минатите избори.

Загуба на гласовите за 2-процентни поени претрпи Социјалдемократската партија на Германија (SPD) којашто со Зелените и CDU во Саксонија-Анхлат ја формираше владејачката коалиција. Соцдијалдемократите би можеле да сметаат сега на 8,5 отсто од гласовите а Зелените на 6,5 отсто, што за партијата која е во подем на сојузно ниво претставува подобрување на својот изборен резултат од пред пет години.

Најголему губење на гласовите, за повеќе од 5-процентни поени забележа партијата Левица, којашто според прогнозите освоила 11 отсто.

Либерално-демократската партија (FDP) повторно успеа да ги мине изборниот праг и со 6,5 отсто од гласовите да влезе во покраинскиот парламент чие седиште е во МАгдебург.

Премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф од CDU, им се заблагодари на избирачите на поддршката и најави коалициски преговори про што се смета дека ќе биде продолжена досегашната коалиција на демохристијаните, социјалдемократите и зелените со цел да се апстрахира AfD од секаква можност да учесвива во покраинската влада.

Успехот на CDU во Саксонија-Анхалт, и покрај фактот што со малку повеќе од два милиона жители е една од најмалиет сојузни покраини, бо можел на Унијата CDU/CSU на сојузно ниво да ѝ даде дополнителен елан на три месеца пред изборите за сојузниот парламент Бундестагот.