Неофицијално, денеска над 150 новозаболени од коронавирусот

Според неофицијални информации од Институтот за јавно здравје досега се регистрирани 144 новозаболени, од кои 69 се од Скопје, a се очекуваат резултатите од уште една приватна лабораторија, со што бројката на новозаразените во изминатото деноноќие може да биде зголемена.

Со тоа продолжувa трендот на растот на бројот новозаразени, откако ден претходно  беа потврдени 175 случаи на инфекција со коронавирусот и пет смртни исходи. Со тоа, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.316 новозаразен и 36 починати.

И покрај тоа, на само дваесетина дена по рекордните бројки од епидемијата на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донесе Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев