Неофицијално, денеска околу 120 новозаразени од коронавирусот

Телевизијата Канал 5, објави дека според неофицијални информации до кои дошла дознава, бројката на новозаразени во последните 24 часа ќе изнесува меѓу 110 и 120 лица.

Доколку се потврдат овие бројки на новозаболени земјата ќе го забележи вториот најголем пик по средината на април.

Претходно во вторникот вечерта, Министерството за здравство ја коригираше претходно објавената бројка на новозаразени во претходното деноноќие од 67 на 76 лица кај кои е потврден коронавирусот.

Тоа предизвика сомневање дека здравствените власти, под влијание на политичките интереси, ги фингираат бројките на новозаразените на дневно ниво.

„Срамно е со една таква леснотија да се споделуваат вакви сензитивни информации со јавноста, заборавајќи дека станува збор за човечки животи, судбини, стравови и сериозни предизвици со кои се соочуваат македонските граѓани“, реагираа во тој контекст од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.