14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Неофицијално, околу 1.000 граѓани одбиле да се попишат

Околу 1.000 македонски граѓани одбиле да се попишат, јавува Сител повикувајќи се на неофицијални информации.

Пописот на населението заврши синоќа во 20 часот, а според информациите кои ги сподели првиот човек на Државната статистика, Апостол Симовски, попишани се 1.832.696.

Симовски го прогласи Пописот за успешен.