Неонацистички собир во Шведска, триесетина уапсени

Триесетина лица се уапсени во саботата на собирот на неонацисти во Гетеборг, вториот најголем град во Шведска, соопшти тамошната полиција.

„Уапсени се 29 луѓе“, објави полицијата на својот портал. Триесеттото уапсено лице веднаш е пуштено бидејќи имало само 15 години.

Силите за спроведување на редот, критизирани што го дозволиле собирот на крајно десното Нордиското движење на отпорот, биле нападнати со камења и биле принудени да интервенираат. Еден полицаец притоа е полесно повреден.

Според разни извори кои ги пренесуваат медиумите, на собирот на движењето NMR се собрале околу 600 лица.

Членството во оваа организација во Шведска не е забрането.

Полицијата очекувала насилство и повикала засилување од целата земја, а во полициската гаража поставила и дополнителни затворски кревети, пренесуваат медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.