Свет

Неонацистите во Берлин ја одбележаа годишнината од смртта на Рудолф Хес

Неонацистите во Берлин ја одбележаа годишнината од смртта на Рудолф Хес

Околу 600 неонацисти маршираа во саботата на улиците од германската престолнина Берлин на годишнината од смртта на воениот злосторник и заменикот на нацистичкиот фирер Алдоф Хитлер, Рудолф Хес, пренесуваат германските медиуми.

Радикалните десничари традиционално го одбележуваат 17-ти август 1987 годна, кога Рудолф Валтер Рихард Хес се обесил во сојузничкиот затвор за воени злосторници во берлинскиот кварт Шпандау откако бил суден во Нирнберг, каде што отслужуваше доживотна затворска казна.

Маршот требаше првично да се одржи во Шпандау, меѓутоа, организаторите подоцна го преместија во центарот на Берлин, за да ги избегнат контрадемонстрантите од левиот политички спектар. Во Шпандау претходно се собрале само четириесетина неонацисти, додека на протестите на кои повикаа левите синдикати, некои цркви и некои политички апртии, се одзвале околу 1.400 луѓе, според медиумите. Берлинската полиција известуваа „маневар“ со кој организаторите на неонацистичкиот марш сакале да ја избегнат блокадата, што редовно се случуваше претходните години.

Околу 600 десничари минале по трасата од Александерплац кон исток во насока на кварот Фридрихшејн. Биле облечени во црно-бели бои, имајќи предвид дека полицијата забрани носење униформи. Некои од учесниците во маршот носеле натписи како „Убиството не застарува“, алудирајќи на тоа дека Хес во 93-та година од животот не извршил самоубиство бесејќи се со електричен кабел, како што гласи официјалната причина за смртта, туку дека е егзекутиран.

Двата собира ги обезбедувале околу 2.300 полицајци, на коишто најважна задача им била да ги држат раздвоени припадниците на десните и левите групи.

Неонацистичките групи секоја година одржуваат собири на денот на раѓањето на Хес и на денот на неговата смрт. Фак е дека Хес, кој бил противник на војната со Велика Британија, на своја рака во 1941 година пред почетокот на војната со Советскиот сојуз отпатувал во Шкотска со борбен авион каде сакал да преговара за мир со Лонон, но бил уапсен. Поради тоа Хитлер во отсуство го осудил на смрт, но поранешниот втор човек на националсоцијалистичката номенклатура во радикалните кругови важи за „маченик“ поради тоа што никогаш не ги отфрлил националсоцијалистичките ставови и фактот што во затвор мина цели 46 години.