Неосновано е решението за притвор на Миле Јанакиески, тврди неговата одбрана.

Решението за притвор на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) под назив „Титаник“ има суштествени проблеми и законски недостатоци, смета неговата одбрана

При донесувањето на одлуката, бил прекршен кривичниот законик оти советот на Основниот суд Скопје 1 кој одлучувал по барањето за притвор, не ги повикал обвинетите да дадат свој исказ.

Дополнително, одбраната тврди дека во решението не е наведено ниту за кое кривично дело се тие обвинети. Наместо ова, се цитираат само членови од кривичниот законик, се жалеше одбраната.

Според одбраната, со одредувањето на притворот е прекршен и законот за кривична постапка. Сметаат дека во одредувањето на таквата мерка не требало да учестува судијата Огнен Ставрев кој е дел од судечкиот совет во предметот Титаник.

Јанакиески и Божиновски, заедно со своите адвокати во жалбите пред Апелација наведоа дека се сомневаат и во Службената белешка од УБК според која двајцата обвинети преку посредник побарале аменстија од Претседателот на државата. Велат дека документот на МВР е фингиран оти нема информации за тоа кога биле остварени средбите ниту дали судот и СЈО направиле проверка во Кабинетот на Иванов.

По вчерашната јавна седница по жалбите за притворот во Апелациониот Суд, се очекува денеска или утре судот да донесе одлука дали Јанакиевски и Божиновски ќе бидат ослободени од притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.