Непосредно пред гласањето за нова Влада пратеник на ДУИ позитивен на Ковид-19

Според последните информации, еден пратеник од редовите на ДУИ е позитивен на Ковид-19, поради што службите ќе го внесат во посебна просторија со посебен протокол за гласање, пишува „Курир“.

Тој два дена не доаѓал на работа и не бил помеѓу другите пратеници.

Ова значи дека во салата ќе присуствуваат 61 пратеник кои се очекува да гласаат за новото парламентарно мнозинство и новата Влада предводена од СДСМ и ДУИ, плус ДПА, додека пратеникот позитивен на коронавирус ќе се наоѓа во посебна просторија и ќе гласа од таму.