Непознат фрли бомба врз амбасадата на САД во Црна Гора па се разнесе

Неидентификувано лице фрлило експлозивна напрва, веројатно бомба, врз градата на американската амбасада во Подгорица по што се разнесло самото, соопшти во четвртокот црногорската влада.

Во пораката на англиси јазик на својот официјален профил на Twitter, владата на Црна Гора соопштува дека половина час по полноќ во четвртокот „непознато лице изршило самоубиство со експлозивна направа“.

Се додава дека „непосредно пред тоа, лицето фрлило експлозивна направа од раскрсницата во близина на Спортскиот центар во комплексот на американската амбасада“. Владата наведува дека „веројатно направата била рачна бомба“, додавајќи дека полицијата го истражува идентитетот на напаѓачот.

Црногорска портал Аналитика јави дека нападот дошло на пет минути пред полноќ и дека просторот на местото на настанот брзо било оградено. „Целата полиција е на нозе, а повеќе информации ќе добиете утре од надлежните институции“, пишува порталот повикувајќи се на полициски избори.

Американската амбасада ги предупреди американските граѓани да не се приближуваат до натамошно известување.

„Американската амбасада во Подгорица ги известува американските граѓани дека постои активна безбедносна ситуација во американсата амбасада во Подгорица. Избегнувајте ја амбасадата до натамошната известување“, се наведува во соопштението.