Непроменети цените на угостителските производи во ноември

Цените на угостителските услуги во ноември годинава останаа на исто ниво како во претходниот месец, но се повисоки за 0,4 отсто во споредба со ноември 2013 година. Зголемување од 0,1 отсто е забележано во групата Ноќевања.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите 11 месеци од годинава цените во угостителството се намалени за 0,7 отсто во споредба со oвој период лани, а бележат пораст од 0,4 проценти во однос на декември 2013 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.