Неработни денови во 2018 година

161520

Неколку продолжени викенди и празници кои се паѓаат во неработни денови. Вака изгледа новата програма на неработни денови за 2018 година која ја објави Министерството за труд и социјална политика.

Уште на самиот старт на годината, Бадник се паѓа во сабота, што значи дека денот и онака е неработен за поголемиот дел од граѓаните.
Божиќ е во недела, но неработен ќе биде понеделникот.
За среќа Водици се паѓа во петок, па ќе има простор продолжен викенд.

Во април се велигденските празници. Велиден ќе биде на 8 април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6 април, ќе се отвори супер можност за подолг одмор со оглед на тоа што ќе можете да отпатувате на петок до понеделник.

Интересен спој на празници ќе има во мај. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови.

Споен викнд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Од празниците кои „пропаѓаат“ како неработни денови, поради тоа што се паѓаат во сабота, оваа година ќе ги „загубиме“ Бадник на 6 јануари, Денот на независноста на 8 септември и Св. Климент Охридски на 8 декември.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (понеделник), Нова година

• 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

• 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 1 мај (вторник), Ден на трудот,

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 2 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 2 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.