Неразјаснета мистеријата на исчезнато девојченце, ексхумираните гробови во Ватикан празни

Напорите да се разреши со децениите стариот случај на исчезнатото девојченце што го прогонува Ватикан во четвртокот повторно беа безуспешни, бидејќи не се најдени човечки останки при ексхумацијата на два гроба од XIX век.

„Исходот од потрагата е негативен, не се пронајдени човечки останки, ниту какви и да се погребни урбни“, изјави портпаролот на Ватикан, Алесандро Џисоти.

Емануела Орланди била ќерка на вработен во Ватикна во периодот на понтификатот на Јован Павле Втори и имала ватиканско државјанство. Исчезнала на возраст на 15 години во центарот на Рим во 1983 година. Случајот е една од најголемите мистерии во современата историја на Ватикан.

Службените лица на Светата столица отворија два гроба од XIX век на ватиканските гробишта, откако адвокатот на семејството Орланди добил анонимно писмо во кое се наведува дека девојченцето може да биде таму закопано.

„Погледај каде што ангелот покажува“, пишува во анонимното писмо во коешто се алудира на статуата на ангел на гробот на принцезата Софија фон Хохенлог, почината во 1836 година. Ватиканските ообвинители, исто така, наредија ексхумација на гробот на војвотката Шарлота Фредерига фон Мекленбург-Шверин.

„Навистина беа празни. Сите беа некако изненадени“, изјавил за телевизијата SkyTG24, Пјетро Орланди, братот на исчезнатото девојченце кој присуствувал на постпката. Негативниот наод, исто така, претставува „олеснување“, бидејќи „не би знаел како би реагирал доколку ги најдона останките на Емануела“, додал.

Случајот Орланди со година беше поврзуван со бројни „налудничави“ теории на заговор, но ниедна од нив нема јасна врска со Тевтонските гробишта. Во минатата за исчезнувањето на Емануела Орланди беа обвинувани разузнавачките служби кои правеле заговор против Папата, потоа италијанските криминални организации или сексуални предатори меѓу свештенството.