Нереди во Брисел по поразот на Белгија од Мароко (ВИДЕО)

Добро изјави пред некоклку дена Кевин де Брујне дека неговата Белгија веќе ни оддалеку не е фаворит за највисок пласман, затоа што неговата генерација која што се уште е на терен едноставно е престара за такво нешто.

Тоа денеска на дело се покажа на дуелот со Мароко, кој Белгија го загуби со 2:0, а потоа во Брисел следуваше хаос и нереди поради лошиот резултат.

Превртени автомобили, пожари, и неколку тепачки со полицијата се забележани и регистрирани низ градот, каде што очигледно навивачите не можат да се помират дека нивната репрезентација од број 1 во светот на ФИФА листата во еден момент, сега губи од просечни репрезентации.