Нереди во Харков: Две лица загинаа, 30-тина уапсени

Во Харков се уапсени околу 30 екстремисти поради синоќешните судири во кои што две лица загинаа, а најмалку три се повредени.

Операцијата за апсење на екстремистите од радикалната организација Десен сектор, кои се судриле со локалните активисти во Харков е завршена.

Околу триeсетина екстремисти се уапсени и полицијата се обидува да го утврди нивниот идентитет бидејќи со себе не носеле документи за идентификација.

Во судирите на локалните активисти и екстремистте кои дошле од западниот дел на земјата, две лица загинаа, потврдуваат тамошните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.