Несовесни граѓани: Преминувале улица надвор од обележан пешачки и на црвено

Скопската полиција во последните 24 часа спроведе зајакната контрола по однос на прекршоци кои ги вршат пешаците при што од страна на сообраќајната полиција изречени се 30 прекршоци на пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин, поминување на црвено светло и непочитување на светлосни сигнали.

Потоа, кај четири лица е утврдено дека дека истите управувале возила под дејство на алкохол, осум лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале шестмина возачи, кај седумина е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Покрај ова, 27 возачи  управувале возила со брзина над дозволената, изречени се три прекршоци за некористење на сигурносен појас, 10 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 11 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, додека пак 68 прекршоци се евидентирани за неправилно и непрописно паркирање, а еден прекршок за возач кој не отстапил првенство на минување на пешаци. Исто така со пајак возило подигнати се 93 возила.

Иста ваква акциска контрола во текот на минатото деноноќие беше спроведена и на подрачјето на СВР Велес, односно во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, при што проверени беа 213 возила и возачи. Во рамки на контролата 42 возила се упатени на технички преглед 16 возила беа исклучени од сообраќај како и шест возачи кои управувале возила без возачка дозвола. Исто така наедно беа издадени 19 покани за глоба како 29 платни налози по основ на различни сообраќајни прекршоци.

И на подрачјето на СВР Струмица (Струмица, Валандово, Радовиш) вчера беше спроведена акциска сообраќајна контрола на 207 возила при што 59 возачи се санкционирани по разни основи, односно сторени сообраќајни прекршоци, а во рамки на оваа бројка издадени се 34 платни налози за наплата на глоба и 25 покани за наплата на глоба. Исто така поднесени се 29 барања за поведување прекршочна постапка согласно сообраќајните норми и прописи.