21.8 C
Skopje
сабота, мај 28, 2022

Несреќа кај Истанбул: Автобус излетал во провалија длабока 30 метри има и загинати! (ВИДЕО)

224

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени по тешката автобуска несреќа која се случила денеска во близина на турскиот град Истанбул.

Патничкиот автобус сообраќал на релација Черкезкој – Ајдин излетал од патот и слетал во провалија длабока 30 метри на автопатот Кузеј – Мармара.

Агенцијата Анадолија пренесува дека животот го загубиле најмалку двајца патници, додека „Дејли Сабах“ пренесува за три загинати, а 18 повредени. Во автобусот во моментот на несреќата имало повеќе од 20 лица.

Во моментот на несреќата условите на патот биле отежнати, односно имало голомразица и снег, па тоа може да биде една од причините за оваа несреќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.