Несреќа во Индија: Седум загинати

Седум лица загинаа денеска во јужниот дел на Индија кога се урна петкатна зграда, кој се уште била во изградба.

Уште 40 луѓе останале затрупани под урнатините во индиската држава Гоа. Несреќата се случила во Канакон, на околу 70 километри од Панаџија, главниот град на Гоа.

Претставник на локалната полиција изјави дека се уште се обидуваат да утврдат колку луѓе се наоѓале на местото на несреќата.

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, обидувајќи се да стигнат до затрупаните луѓе.