Нестабилниот Блиски исток се покажа многу полезен за САД, оценува Медведев

Ниту една американска администрација никогаш  не била заинтересирана за конечно решени на Блискиот исток, нестабилниоте експлозивен регион се покажа како многу полезен за Америка, носи влијаени и мнгуи пари, забележува заменикот на челникот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Медвев, исто така, наведува дека постојаната ескалација на палестинско-израелскиот судир има „јасен американски печат“.

„Денешниот конфликт има долга историја која е добро позната. Но, од 1940-те, на секој чекор кон поголемата темнина и ужас, видлива е изразена американска трага. Во сите арапско-израелски војни од 1960-те, Вашингтон поддржуваше и ја натрупуваше со ружје само едната страна. Тој направи сѐ за да се осигура дека противниците никогаш нема да се разделат мирно. Сè е очигледно: снабдувањето со оружје на Блискиот исток им обезбеди на американските компании огромни, и што е најважно, постојани профити“, истакна Медведев.

И тоа, продолжува Медведев, и покрај фактот што формално САД беа меѓу државите кои 1947 година гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за создавање  еврејска и арапска држава една покрај друга  и за меѓународна зона Ерусалим
„Требаше да им се стави крст на најважните мировни иницијативи и очигледни достигнувања, што добро се вплопува во политиката на Вашингтон. Впрочем, ниедна американска администрација никогаш не беше заинтересирана за конешно решение на блискоисточната патека и спроведување на резолуцијата на Генералното собрание на ООН од 29-то ноември 1949 година за поделбата на историската Пелестина на арапска и еврејска држава“, пишува Медведев во авторскиот напис за весникот Известий.
Според поранешниот руски претедател и премиер, не станува збор само за позицијата на Израел за создавањето на Државата Палестина.

„Поентата е, пред сѐ, во тоа дека нестабилен, експлозивен регион натрупан со разно оружје, се покажа како многу полезен за САД. Доколку има проблен, неопходни се услугите на Американците. А доколкиу не постои, нивнито значење значително ќе ослабне. Контролираната нестабилнст која носи влијание и големи пари“, смета Медведев.

Исто така, во написот наведува дека „киевското и авганистанскот оружје“ од американско производство „убива луѓе и во Израел. Всушност, Медведев алудира на фактот дека во текот на ненадејниот смртоносен напад што го изведе радикалното исламистичко движење Хамас го изведе на 7-ми октомври било користено оружје од западно производство коешто ѝ било испорачано на Украина во нејзината војна против Русија. Киев се обиде да го објасни тоа со неубедливото тврдење дека Москва го снабдила Хамас со тоа оружје кое го запленила на фронтот во Украина. Сепак, според американските медиуми, Вашингтон испратил специјален тим кој истражува како западното оружјезавршило во исламистичкото движење, вклучително и наводите дека станува збор за воена опрема којашто САД и сојузниците го оставиле во Авганистан по ланското повлекување, а талибаните го доставиле до Хамас.