Несторовска: Дополнително ќе се разгледува што ќе стои на амблемите на полицијата

Привремениот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу потпишал акт за двојазични амблеми на полициските униформи. Тој на Фејсбук напиша дека ги потпишал актите со кои амблемите на полициските униформи, покрај на македонски ќе бидат испишани и на албански јазик.

Нухиу за ТВ24 вели дека имало протокол, од Комисија што направила план како ќе се употребуваат и тврди дека неговата одлука немала врска со преговорите за Влада во моментов.

Државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска за ТВ24 вели дека Комисијата во МВР ги разгледува актите, станува збор за недоразбирање во јавноста. Комисијата како што вели има поделени мислења и дополнително ќе се разгледува што ќе стои на амблемите.