Несторовски најдобар стрелец а Палермо изминатата декада

Македонскиот репрезентативен централен напаѓач Илија Несторовски е најдобриот стрелец во екипите на Палермо последната деценија, надминувајќи во овој избор големи имиња како Фабрицио Миколи, Пауло Дибала, Јосип Иличич.

Италијанските медиуми анализирајќи ја втората деценија од векот на тимот од Сицилија, која заврши многу непријатно за Палермо со банкрот и преселба во најниската Серија Д, ги посочија фудбалерите со најголем ефект од 2010 година до крајот на 2019-та.

Несторовски со 39 погодоци е најдобриот стрелец, кој си замина од Палермо откако клубот банкротираше. Зад него е Миколи, најдобриот стрелец во историјата на овој клуб, кој во изминативе десет години даде 37 гола, додека трет е Абел Ернандез со 29 гола. Во најдобрите стрелци се и Словенецот Јосип Иличич со 25, Аргентинецот Пауло Дибала со 22, Франко Васкез со 21 и Александар Трајковски со 20 гола, кој воедно и стрелец на последниот гол за Палермо на „Ренцо Барбера“ против Читадела, пред да се случи банкротот.

Најмногу мечеви, пак, во оваа деценија одиграл Босанецот Мато Јајало, соиграчот на Несторовски и во Удинезе, кој запиша 147 меча за Палермо. Втор е Езекил Муњоз со 142, а трет е Андреа Рисполи со 137 гола.