Нестручното и насилно чистење на езерцата во Градскиот парк е еколошка катастрофа

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара итно да запре, грубото механичко чистење на езерцата во Градскиот парк, кое, се спроведува нестручно и насилно, со што се уништува животната средина!

Во денови кога се чистат езерцата во градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и осет се уништува животното подрачје на бројни растенија и животни, се врши ликвидација на езеркиот разновиден жив свет, убиваат ијладници школки, рептили (скопскиот гекон), речни змии, жаби, тритони, алги…

Се деградира и неповратно уништува преубав, богат и разновиден природен амбиент кој е живеалиште на над 90 видови птици кои го красат Градскиот парк, од кои дел гнездат во него а дел го користат како попатна станица при нивната миграција.

Со груба механизација, нестручно работење и исклучувањето на дотокот на водата од Вардар, езерцата и каналите пресушуваат при што живиот свет се осудува на бавна смрт, велат од здружението.

 

Школките умираат како риби на суво, во болка, во обид да се вратат во муљта на водата, безуспешно. БАРАМЕ итно да запре чистењето со кое само се нанесува штета и веднаш да се консултираат стручни лица, претставници на еколошките здруженија кои знаат како оваа постапка треба да се спроведе без да се уништува се околу себе. Бараме чистењето да се спроведе хумано и со знаење, за да се ублажат до сега направените повеќе од штетни последици!

ВОЕДНО ПОВИКУВАМЕ да секој кој сака и може да помогне во спасувањето на школките и останатиот жив свет од Градскиот парк го контактира Андреј , контакт телефон 071208 570