Нетанјаху до „Исламски џихад”: Запрете ги нападите врз Израел или уште повеќе ќе настрадате

Запрете ги нападите или ќе добиете уште повеќе удари, го предупреди денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху палестинското радикално движење „Исламски џихад“, кое го ракетира Израел од Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.

Премиерот изјавата ја даде на седницата на својот безбедносен кабинет.

Израелската армија ги засили своите напади врз позициите на „Исламски џихад”, јави БТА.

Палестинското движење од вчера истрела околу 250 ракети од Газа врз Израел, покажуваат податоците на израелските вооружени сили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.