Нетанјаху дозволи партиско гласање за лидер на Ликуд

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи на гласање за претседател на неговата партија Ликуд, потврди денеска партискиот портпарол.

Гласањето ќе се одржи во рок од шест недели, но не до крајниот рок од 11 декември, до кој израелскиот парламент мора да се распушти, изјави за ДПА портпаролот на партијата Ели Хазан.

Нетанјаху се согласи на гласањето откако израелскиот јавен обвинител минатата недела објави дека против него ќе бидат поднесени обвиненија за мито, измама и кршење на довербата, но сепак се надева дека ќе победи.

Притисокот врз Нетанјаху е засилен откако не успеа да формира влада по двата неубедливи избори оваа година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.