Нетанјаху го обвини Хашкиот трибунал за „антисемитска“ истрага, порача дека Израел ќе ги заштити своите војници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд (ICC) за покренување на истрагата за воени злосторства на палестинските територии се „антисемитски“.

„Соочени со антисемитското решение на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, само еден е одговорот: да се бориме за вистината со сета сила, во целиот свет, и да ги заштитиме нашите војници“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Twitter.

Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд (ICC) објави малку претходно во средата дека ќе отвори формална истрага за воени злосторства на Палестинскит подрачја кои ќе ги опфатат двете страни во судирот.

Шефот на израелската дипломатија ден претходно ја отфрли најавената одлука на ICC за спроведување на истрагата нарекувајќи ја „морално и правно ништовна“.

„Одлуката за отворањето на истрагата против Израел претставува исклучок од мандатот на судот и растурање на ресурсите на меѓународната заедница која спроведува пристрасна институција којашто го загуби целиот легимитет“, изјави израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази.

Палестинската самоуправа од своја страна ја поздрави одлуката на обвинителството на Хашкиот трибунал.

„Ова е долгоочекуван чекор кој оди во прилог на неуморната палестинска борба за правда и одговорност, што претставуваат неопходни столбови на мирот кој палестинскиот народ го бара и го заслужува“, соопшти палестинското министерството за надворешни работи.

Исламистичкото милитантно движење Хамас, кое ја контролира палестинската енклава Појасот Газа, исто така, ја поздрави одлуката на обвинителството на Хашкиот трибунал и ги бранеше своите борбени акција нарекувајќи ги „легитимен отпор“.

Одлуката е донесена откако Хашкиот трибунал на 5-ти февруари одлучи дека е надлежен во овој случај, што го отфрлија САД и Израел, а го поздрави Палестинската самоуправа.

Следниот чекор ќе биде да се утврди дали Израел и палестинските власти водат свои истраги и тие да бидат анализирани.

„Одлуката да се отвори истрагата следеше по макотрпните прелиминарни истраги кои ги спроведе мојата канцеларија којашто траеше речиси пет години. Во крајна линија, нашата главна грижа мора да бидат жртвите на злосторствата, и палестинските и израелските, кои произлегоа од долгиот циклус на насилство и несигруноста која предизвика длабоко патење и очај на сите страни“, соопшти обвинителката Фату Бенсуда, чиј мандат наскоро истекува.

„Мојата канцеларија ќе заземе ист принципиелен непристрасен пристап, како во сите ситуации во кои е надлежна. На Западниот брег (на реката Јордан), вклучувајќи го и источен Ерусалим , и во Појасот Газа сторени се или се прават воени злосторства“, рече во декември 2019 година Бенсуда.

Обвинителката која на должноста на 16-ти јуни ќе биде заменета од британскиот обвинител Карим Кан, ги именуваше и израелските безбедносни сили и вооружените палестински групи, како Хамас на пример, како можни сторители.