Нетанјаху и Ганц формираа влада на националното единство

298

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот најголем противкандидат на изборите Бени Ганц објавија во понеделникот дека составиле влада на националното единство и така ја прекинаа најдолгата политичка криза од формирањето на Држава Израел во екот на пандемијата со коронавирусот.

Договорот за формирање на вонредната влада на националното единство го потпишале Бенјамин Нетанјаху, лидер на десната партија Ликуд, и Бени Ганц, челник на центристичката партија Плаво-бело, соопштија во заедничко соопштение двете партии.

По преодната влада којашто траеше 16 месеци, по трите парламентарни избори за речиси една година и неверојатните за некои израелски аналитичари очајнички потези, 70-годишниот Нетанјаху у десет години помладиот Ганц се сретнале во текот на вечерта пред почетокот на Јом Хашоеа или Денот на сеќавањето на жртвите на холокаустот кој во Израел трае до заоѓањето на сонцето во понеделникот до вторникот вечерта.

Разговорите требаше да го потврдат единството на поранешните изборни ривали по многуте неуспешни обиди. Овојпат постигнаа договор, чииште поединости не се објавени.

По парламентарните избори од 2-ри март, третите за нецела годинна, кои конечно требаше да дадат јасен победник меѓу Натенјаху и Ганц, израелскиот претседател Реувен Ривлин на вториот му ја довери задачата да состави нова влада.

Ганц во екот на пандемијата на коронавирусот ја изненади целата јавнсота кога отвори пат за „вонредна влада на национално единство“ со Нетанјаху, кој е обвинен за корупција во низа скандали, прекршувајќи го така ветувањето дека нема да учествува во влада со премиерот на заминување сѐ додека тој не ги реши сопствените проблеми со правосудството.

Меѓутоа, минатата седмица Ганц не успеа да формира влада па израелскиот претседател Ривлин го овласти парламентот – Кнесетот, за малку помалку од три седмици да предложи нов кандидат меѓу пратениците кој ќе се обиде да формира влада.

Во меѓувреме партиите на Нетанјаху и на Ганц, кои заедно имаат мнозинство во парламентот, ги продолжија преговорите поради составување на владата на националното единство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.