Нетанјаху и Ганц разговараа за формирање вонредна влада заради коронавирусот

Лидерот на конзервативната Ликуд партија, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, и неговиот главен политички противник, лидерот на сојузот од партии на центарот „Сино и бело“, Бени Ганц, доцна синоќа разговарале за надминување на меѓусебните разлики за да можат да се занимаваат со спречување на ширењето на заразата од коорнавирус во земјата.

Двајцата изразиле поддршка за единството во дадените околности, но останало нејасно дали се согласиле за вклучување на сојузот од партиии на Заедничката листа, во која мнозинството се Арапи, наведуваат израелските медиуми.

И Нетанјаху и Ганц претходно изјавиле дека имаат волја да почнат да преговараат за вонредна влада за да можат да се фокусираат на конгтролата на пандимијата која ја парализира економијата и јавниот живот во земјата.

Во Израел за помалку од една година се оддржаа три изборни рунди и како што се чини ни со третото гласање не е надминат политичкиот застој, бидејќи ни Нетанајху, ни Ганц, немаат парламентарно мнозинство за да формираат влада.

Нетанјаху му кажал на Ганц дека преговорите за формирање влада мора да почнат веднаш бидејќи земјатата има потреба од раководство заради постојната закана. Тој, меѓутоа, додал дека „ приврзаниците на теророт не можат да бидат дел од владата, ни во редовно, ни во вонредно време“,  користејќи го терминот на својата партија за оцрнување на Заедничката листа.

Портпаролот на Ганц во краткото соопштение утринава наведе  дека апелирал до Нетанјаху да се формираат тимови за почеток на преговорите за „создавање широка, национална, вонредна влада за да се води битката против коронавирусот“.

Покрај тоа Ганц изразил подготвеност да помогне во секоја активност што се однесува на доброто на јавноста.